Шведска апелираше до Израел да го почитува меѓународното право поради катастрофалната ситуација во Газа
- „Ситуацијата на цивилното население во Газа е нехумана, а десетици илјади луѓе ги загубија животите, вклучително и илјадници деца“, изјави шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергардна на својот профил на платформата Х.

ЛОНДОН (АА) - Шефицата на шведската дипломатија Марија Малмер Стенергард во петокот апелираше до Израел да го почитува меѓународното право, велејќи дека ситуацијата во Газа е катастрофална, известува Анадолу.
Нејзините забелешки уследија по извештајот на ОН кој потврди дека 70% од смртните случаи во Газа биле жени и деца.
Канцеларијата за човекови права на ОН го осуди, како што го нарече, системско кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право.
„Ситуацијата за цивилното население во Газа е нехумана, а десетици илјади луѓе ги загубија животите, вклучително и илјадници деца“, рече Стенергард на својот профил на платформата Х.
„Хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална, а човечките страдања на цивилното население се огромни“, додаде шефицата на шведската дипломатија.
„Шведскиот став е јасен - го поддржуваме правото на Израел да се брани и ова очигледно право мора подеднакво да се спроведува во согласност со меѓународното право“, рече министерката.
Откако Израел ги започна нападите врз Појасот Газа на 7 октомври, повеќе од 43.500 Палестинци се убиени во палестинската енклава, од кои повеќето се жени и деца, а над 102.300 други се повредени, објавија локалните здравствени власти.
Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) е обвинет за геноцид врз Палестинците.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.