свет

Чад го протера амбасадорот на Германија

- Амбасадорот Крике е прогласен за персона нон грата поради својот „непристоен став и непочитување на дипломатските обичаи“ кон Чад

Ekip  | 08.04.2023 - Обновена : 10.04.2023
Чад го протера амбасадорот на Германија

КИГАЛИ (АА) - Преодната воена влада на Чад го протера германскиот амбасадор во земјата, известува Анадолу.

„На германскиот амбасадор во Чад, Гордон Крике, наредено му е да го напушти Чад во рок од 48 часа“ соопшти Министерството за комуникации на Чад.

Во соопштението се наведува дека амбасадорот Крике е прогласен за персона нон грата поради својот „непристоен став и непочитување на дипломатските обичаи“ кон Чад.

Германските официјални лица до утрово не беа достапни за коментар.

Во веста на Агенцијата за информации на Чад се наведува дека преодната влада изразила загриженост поради критичкиот тон на Крике за спроведувањето на транзицијата во таа западноафриканска држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın