свет

Холандски дипломати и државни службеници протестираат против војната и гладот во Газа

- На собир на солидарност, учесниците носеа транспаренти со кои се осудуваат убиствата, гладот и ставот на холандската влада. Беа прочитани и имињата на 243 новинари убиени во Газа, вклучувајќи го и новинарот на Ал Џезира, Анас ал-Шариф.

Oktaj Omeragikj  | 14.08.2025 - Обновена : 14.08.2025
Холандски дипломати и државни службеници протестираат против војната и гладот во Газа

ХАГ (АА) - Дипломати, државни службеници и граѓани се собраа пред холандското Министерство за надворешни работи во Хаг протестирајќи против геноцидот и гладот што Израел го спроведува во Газа, известува Анадолу.

На собир на солидарност, учесниците носеа транспаренти со кои се осудуваат убиствата, гладот и ставот на холандската влада. Беа прочитани и имињата на 243 новинари убиени во Газа, вклучувајќи го и новинарот на Ал Џезира, Анас ал-Шариф.

Демонстрантите ја повикаа Холандија да заземе построг став кон Израел, барајќи економски, воени и политички санкции. Собирот, на кој присуствуваа сегашни и поранешни дипломати и поранешни министри, заврши со двоминутно молчење за жртвите во Газа.

Израелската војска, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, води брутална војна во Појасот Газа од октомври 2023 година, во која уби повеќе од 61.700 Палестинци.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın