свет

Украина: Војната наскоро ќе се пресели на територијата на Русија

„Москва брзо се навикнува на вистинска војна, а оваа војна наскоро целосно ќе се пресели на територијата на 'авторите на војната' и ќе ги наплати сите долгови од нив...“

Aliia Raimbekova  | 01.08.2023 - Обновена : 02.08.2023
Украина: Војната наскоро ќе се пресели на територијата на Русија

КИЕВ (АА) – Михаил Подољак, советник во Кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека војната наскоро целосно ќе се пресели на територијата на Русија, пренесува Анадолу.

Подољак на социјалните мрежи ги коментираше нападите со дронови врз Москва.

„Москва брзо се навикнува на вистинска војна, а оваа војна наскоро целосно ќе се пресели на територијата на 'авторите на војната' и ќе ги наплати сите долгови од нив. Сè што понатаму ќе се случи во Русија е објективен историски процес. Ќе има сè повеќе неидентификувани беспилотни летала, сè повеќе внатрешни судири, сè повеќе војна“, порача Подољак.

Од друга страна, Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили ги спречиле нападите што синоќа украинските сили се обиделе да ги изведат со беспилотни летала врз Москва и Московскиот Регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın