свет

Турција ги укинува туристичките визи за пет шенгенски земји и за Велика Британија

„Овој чекор има за цел понатамошен развој на туристичкиот потенцијал, како и на трговските, економските и културните односи со Австрија, Белгија, Холандија, Шпанија, Полска и Велика Британија“

Faruk Zorlu   | 20.02.2020
Турција ги укинува туристичките визи за пет шенгенски земји и за Велика Британија

АНКАРА (АА) - Турција денес најави дека на граѓаните од пет шенген-земји и од Велика Британија ќе им овозможи ослободување од виза на 90 дена за туристички патувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Овој чекор има за цел понатамошен развој на туристичкиот потенцијал, како и на трговските, економските и културните односи со Австрија, Белгија, Холандија, Шпанија, Полска и Велика Британија“, се вели во писмената изјава на портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.

Ослободувањето од виза ќе им биде дадено на државјаните на пет шенгенски држави и на Велика Британија за туристички патувања. Од 2 март за секое патување во туристички цели во Турција, ќе се овозможи ослободување од виза на три месеци, еднаш на секои 180 дена“, се додава во изјавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın