Балкан

Косово останува посветено на целосната нормализација на односите со Србија преку меѓусебно признавање

- „Продолжуваме со нашата посветеност кон целосна нормализација на односите со Србија преку меѓусебно признавање“, изјави Премиерот на Косово, Албин Курти

Dzihat Aliju  | 24.02.2026 - Обновена : 24.02.2026
Косово останува посветено на целосната нормализација на односите со Србија преку меѓусебно признавање Извор: Albin Kurti / X

ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека продолжуваат со посветеноста кон целосна нормализација на односите со Србија преку меѓусебно признавање, јавува Анадолу.

На профилот на социјалните мрежи Курти соопшти дека се сретнал со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за Дијалогот Косово - Србија, Петер Соренсен во Приштина.

Тој нагласи дека на средбата биле разгледани процесот на европска интеграција на Косово, реформите во владеењето на правото, како и дијалогот што се води со посредство на ЕУ.

„Продолжуваме со нашата посветеност кон целосна нормализација на односите со Србија преку меѓусебно признавање“, изјави Курти.

Ставот на Србија дека Косово, кое во 2008 година еднострано прогласи независност, ѝ припаѓа на нејзината територија, е причина за периодичните тензии меѓу двете земји.

Во рамките на процесот на Дијалогот Белград - Приштина, започнат во 2011 година под покровителство на ЕУ, се работи на нормализирање на односите и, конечно, постигнување заеднички пристап за меѓусебно признавање на двете држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.