Турција

Мелиха му стана најдобра пријателка на јагнето отфрлено од мајката

- Стравувајќи дека јагнето нема да преживее, Мелиха Ертен почнала да се грижи за него како за бебе и му дала име Наџије

Ertuğrul Gün  | 23.02.2026 - Обновена : 23.02.2026
Мелиха му стана најдобра пријателка на јагнето отфрлено од мајката Ertuğrul Gün/АА

АНТАЛИЈА (АА) - Во Општина Аксу, во турскиот град Анталија, Мелиха Ертен со многу љубов одгледува јагне што мајката го отфрлила по раѓањето, јавува Анадолу.

Во маалото Куршунлу во Општина Аксу, една од овците на Ертен пред околу 20 дена родила три јагниња. Но мајката прифатила само две, а третото го оттурнала и не му дозволила да цица млеко.

Стравувајќи дека јагнето нема да преживее, Ертен почнала да се грижи за него како за бебе и му дала име Наџије. Го хранела со шприц и со шише и, благодарение на нејзината грижа, јагнето успеало да закрепне.

„Многу ми беше жал што мајката ги прифати другите две, а Наџије го одби. Мислевме дека ќе умре, па го хранев со шприц и бебешко шише. Сега ми стана маскота. Каде и да одам јас, доаѓа и тоа“, вели Ертен.

Таа раскажува дека јагнето го носи и во парк и на гости, а за да избегне непријатности, му става детска пелена.

„Живееме во иста куќа. Не е тешко да се грижиш за него, кога го правиш тоа со љубов. Кога одам на гости, однапред им кажувам дека ќе дојдам со јагнето“, додава таа.

Јагнето, кое постојано оди по својата сопственичка и не се одвојува од неа, ги привлекува вниманието и симпатиите на соседите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın