Турција, свет

Туркије: Денеска во Истанбул се потпишува договорот за извоз на украинското жито

На церемонијата ќе присуствуваат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш

Gözde Bayar  | 22.07.2022 - Обновена : 22.07.2022
Туркије: Денеска во Истанбул се потпишува договорот за извоз на украинското жито

АНКАРА (АА) - Договорот за повторна испорака на жито од Украина ќе биде потпишан денес во Истанбул, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, јавува Агенција Анадолија (АА).

На церемонијата ќе присуствуваат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш.

Тони украинско жито се задржани поради руско-украинската војна која започна во февруари, што предизвика недостиг на светско ниво и пораст на цените.

Русија, обвинета дека ја користи храната како оружје, смета дека за кризата треба да се обвинат санкциите кои ги воведе Западот.

Турските, украинските, руските и претставниците на ОН минатата недела се согласија да се сретнат за да воспостават координативен центар во Истанбул кој ќе управува со извозот на украинско жито.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.