свет

Тригодишнина од операцијата „Штитот на Еуфрат“

По три години од операцијата „Штитот на Еуфрат“ на Турските вооружени сили и Слободната сириска војска, цивилите во регионот со надеж гледаат кон својата иднина по осигурувањето на безбедноста

Ömer Koparan, Adham Kako  | 23.08.2019 - Обновена : 25.08.2019
Тригодишнина од операцијата „Штитот на Еуфрат“

АЛ БАБ (АА) - ОМЕР КОПАРАН / АДХАМ КАКО – По три години од операцијата „Штитот на Еуфрат“ на Турските вооружени сили (TSK) и Слободната сириска војска (ÖSO), цивилите во регионот со надеж гледаат кон својата иднина по осигурувањето на безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).

Турција, според правото на самоодбрана кое произлегува од член 51 од Конвенцијата на Обединетите нации, на 24 август 2016 година ја започна операцијата „Штитот на Еуфрат“ за неутрализирање на терористите во областа на чело со ДЕАШ во северна Сирија, а исто така и за обезбедување на граничната безбедност.

Во првиот ден од операцијата беше ослободена областа Џераблус, која се наоѓа спроти местото Каракамиш во Газиантеп, а на 23 февруари 2017 година областа Ал Баб беше ослободена од ДЕАШ.

Со операциите, населбите распространети на површина од 2.055 квадратни километри помеѓу Џераблус и Ал Баб за 217 дена беа ослободени од терористите.

Тогашниот премиер на Турција, Бинали Јилдрим, на 29 март 2017 година изјави дека операцијата е завршена. Два дена подоцна, во соопштението на Генералштабот беше истакнато дека операцијата е завршена успешно.

По завршувањето на операцијата, единиците на Турските вооружени сили и Слободната сириска војска во регионот се фокусираа на осигурување на безбедноста во регионот и создавање на потребните услови за враќање на раселените цивили.

Во тој контекст, илјадници локални полицајци, кои се обучуваа во Турција, започнаа со работа.

Благодарение на поддршката на Турција во областа на здравството, образованието и другите области од животот, населението во областа се искачи на 2 милиона.

- „Областа се здоби со мир“

На тригодишнината од операцијата, цивилите од регионот, што говореа за Anadolu Agency (AA), истакнаа дека благодарение на позитивните случувања во регионот им е зголемена надежта за иднината.

Мухамед Фарис, одговорен за управување со животната средина во Општината Баб, истакна: „Првиот период по операцијата беше тежок. Основани се локални совети. Улиците беа расчистени. Училиштата и џамиите се отворија. Полицијата почна да работи. Судовите започнаа да работат. Накратко кажано, регионот со текот на времето е спокоен.“

Нагласувајќи дека работат на задоволување на потребите од цивилите во регионот, Фарис рече: „На луѓето почнаа да им се издаваат локални документи за идентитет. Почнаа да функционираат одделенијата за недвижнини за да го заштитат имотот на луѓето.“

- „Областа стана посигурна“

„Со операцијата „Штитот на Еуфрат“, што ја започнаа Турските вооружени сили и Слободната сириска војска, регионот стана посигурен. Десетици илјади семејства се безбедни. Почнаа да се враќаат раселените лица“, изјави жителот Ахмет Ебу Јасер.

Ебу Мухамед Деваб, исто така цивил од регионот, наведе дека поминале низ тешки денови за време на ДЕАШ.

„Немаше спокој и работа. Нè лишија од сè. Немаше слобода. Училиштата ни беа претворени во воени касарни. Децата не излегуваа на улица поради злосторствата на ДЕАШ“, нагласи Мухамед Деваб.

Деветгодишниот Касим Али, кој живее во регионот, истакнувајќи дека за време на ДЕАШ му било страв да ја напушти куќата, рече: „Турската армија нè заштити нас. Не се плашам повеќе.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.