Трамп со критики кон Велика Британија и Франција поради војната со Иран
- „Ќе мора да почнете да учите како сами да се борите за себе, Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат таму за да ви помагаат“
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја нападна Велика Британија поради одбивањето да се вклучи во заедничката американско-израелска офанзива против Иран и ја обвини Франција дека е „многу некорисна“ бидејќи забранила прелет на воени транспортни авиони со помош за Израел, пренесува Анадолу.
Трамп во објавата на својата платформа за социјални медиуми Truth Social порача дека Велика Британија и други земји, кои „не можат да набават гориво за авионите” поради затворањето на Ормускиот Теснец, би требало да набават резерви од САД, исто како што треба да соберат „задоцнета” храброст и да одат до теснецот и едноставно да земат.
Обвинувајќи ги овие земји дека не ги поддржуваат САД во војната против Иран, тој додаде: „Ќе мора да почнете да учите како сами да се борите за себе, Соединетите Американски Држави повеќе нема да бидат таму за да ви помагаат.“
„Иран, всушност, е десеткуван. Тешкиот дел е завршен. Одете и земете си ја сопствената нафта”, додаде тој.
Во посебна објава Трамп ја прекори Франција дека била „многу некорисна“ при ликвидацијата на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, на 28 февруари, кога Вашингтон и Тел Авив започнаа воздушни напади врз земјата.
„Државата Франција не дозволи авиони наменети за Израел со воени резерви да прелетаат преку француска територија. ...САД ќе запаметат“, изјави тој.
Досега над 1.340 лица се убиени во американско-израелските напади врз Иран.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив, каде што се стационирани американски воени бази, предизвикувајќи жртви и уништување на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
