свет

Трамп: Зеленски сè уште ја нема прочитано мировната понуда

- Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Русија е „во ред“ со предложениот план, но додаде: „Не сум сигурен дека Зеленски е во ред со него. Неговиот тим го сака, но тој самиот не го прочитал.“

Muhammed Yasin Güngör  | 08.12.2025 - Обновена : 08.12.2025
Трамп: Зеленски сè уште ја нема прочитано мировната понуда

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е „малку разочаран“ што украинскиот претседател Владимир Зеленски сè уште не ја прочитал најновата мировна понуда за запирање на војната меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу.

„Разговаравме со (рускиот) претседател (Владимир) Путин и разговаравме со украинските лидери, вклучително и со Зеленски,“ изјави Трамп за новинарите при пристигнувањето во Кенеди центарот.

Тој истакна дека Русија е „во ред“ со предложениот план, но додаде: „Не сум сигурен дека Зеленски е во ред со него. Неговиот тим го сака, но тој самиот не го прочитал.“

Kоментарите на Трамп дојдоа неколку часа по изјавата на Зеленски дека имал „суштински“ разговори со американски претставници по нивните консултации со украинска делегација во сојузната држава Флорида.

Украинскиот претседател соопшти дека разговарал телефонски со специјалниот пратеник Стив Виткоф и со зетот на Трамп и неформален советник Џеред Кушнер, како и со високиот украински преговарач Рустем Умеров и началникот на Генералштабот Андриј Гнатов, за предлог-планот на Вашингтон за завршување на војната.

Зеленски рече дека разговарале за „многу аспекти“ и „клучни точки“ што би можеле да обезбедат крај на повеќе од три и пол годишниот конфликт, и дека сега чека „детален директен извештај“ од Умеров и Гнатов.

Во вторникот, Виткоф и Кушнер се сретнаа со Путин во Москва во рамки на преговорите за предложениот план. Според советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, состанокот бил „конструктивен, многу корисен и информативен“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.