свет

Трамп гледа рани знаци на напредок во ставањето крај на војната меѓу Русија и Украина

„Мислам дека работиме многу добро со Украина и Русија. За првпат го кажувам тоа“, рече тој, сугерирајќи дека „можеби“ наскоро ќе има „добри вести“.

Gizem Nisa Çebi Demir  | 03.02.2026 - Обновена : 03.02.2026
Трамп гледа рани знаци на напредок во ставањето крај на војната меѓу Русија и Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација забележува рани знаци на напредок во напорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина, додека паралелно води дипломатски активности со Иран и низ Блискиот Исток, јавува Анадолу.

Говорејќи од Овалната соба, Трамп беше запрашан за претстојните разговори во кои ќе учествува специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, кој в петок треба да се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

„Ги имате Иран, Русија, Украина и Блискиот Исток. Имаме многу работи во тек“, рече Трамп, додавајќи дека голем дел од конфликтите постоеле уште пред неговото враќање на власт.

- „Огромна омраза меѓу Зеленски и Путин“ -

Осврнувајќи се на Украина, Трамп изјави дека е внимателно оптимистичен. „Мислам дека работиме многу добро со Украина и Русија. За првпат го кажувам тоа“, рече тој, сугерирајќи дека „можеби“ наскоро ќе има „добри вести“.

Претседателот ја нагласи, како што ја опиша, големината на човечките загуби, оценувајќи го конфликтот како бесмислен.

„Секој месец во таа војна се губат околу 25.000 животи“, изјави Трамп, потенцирајќи ја хуманитарната цена на конфликтот, иако тој нема директно влијание врз САД.

Трамп повторно ја критикуваше поранешната администрација на Џо Бајден за начинот на кој била обезбедувана помошта за Украина, тврдејќи дека биле потрошени „350 милијарди долари“.

Тој рече дека неговиот пристап подразбира сојузниците да преземат поголем дел од финансискиот товар, наведувајќи дека европските земји преку НАТО ѝ плаќаат на Америка за оружјето.

„Испраќаме ракети таму. Тие ни плаќаат целосно. Тоа не нè чини ни 10 центи“, рече Трамп.

И покрај нагласувањето на трошоците, Трамп истакна дека неговата главна цел е хуманитарна.

„Она што навистина сакам е да ги спасам тие луѓе од умирање“, изјави тој.

Трамп призна дека напредокот е побавен од очекуваното, наведувајќи ја длабоката омраза меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски како главна пречка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.