свет

Талибанците подготвени да развијат силни односи со Турција

Заменик-министерот Мутаки рече дека талибанците ќе ги зголемат инвестициските можности во Авганистан со цел да ја подобрат економската состојба во земјата.​​​​​​

Sayed Khodaiberdi Sadat, Bilal Güler  | 15.09.2021 - Обновена : 16.09.2021
Талибанците подготвени да развијат силни односи со Турција Фото: Bilal Güler/АА

КАБУЛ (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на привремената Влада на талибанците во Авганистан изјави дека тие сакаат да развијат силни односи со Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на својата прва прес-конференција во Министерството за надворешни работи во главниот град Кабул, заменик-министерот Амир Кан Мутаки рече дека талибанците исто така сакаат да воспостават добри односи и со другите земји.

Истакнувајќи дека се во контакт со турските власти, Мутаки рече дека очекуваат Турција да застане покрај народот на Авганистан и да помогне во инфраструктурните работи на земјата, особено во обновата на аеродромот во Кабул.

Во однос на состанокот во Женева за хуманитарната состојба во Авганистан, Мутаки истакна дека го цени обврзувањето на конференцијата за 1,1 милијарди долари во донации за Авганистан.

Тој нагласи дека талибанците ќе соработуваат со земјите донатори и дека оваа помош ќе биде распределена на транспарентен начин.

Заменик-министерот, исто така, ги повика Азиската банка за развој и Исламската банка за развој да помогнат во развојот на Авганистан. Мутаки истакна дека блокирањето на авганистанските пари од страна на САД е чин на бруталност и додаде дека хуманитарните прашања не треба да се мешаат со политиката.

Мутаки рече дека талибанците ќе ги зголемат инвестициските можности во Авганистан со цел да ја подобрат економската состојба во земјата.​​​​​​​


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.