свет

Судирите во голема мера се прекинати околу сириска Хасека, јужно од Ајн ал-Араб

Според информациите добиени од дописниците на Анадолу во регионот, сириската армија моментно е распоредена на четири точки околу покраината Хасека, вклучително и една позиција во близина на влезот во центарот на градот

Ömer Koparan, Mustafa Deveci  | 20.01.2026 - Обновена : 20.01.2026
Судирите во голема мера се прекинати околу сириска Хасека, јужно од Ајн ал-Араб

МУНБИЏ/ХАСАКА (АА) - Судирите што избувнаа вчера околу сириската покраина Хасека и во јужните области на Ајн ал-Араб, додека силите на сириската армија напредуваа источно од реката Еуфрат според договорот за прекин на огнот и целосна интеграција постигнат со терористичката организација ЈПГ/СДФ, во голема мера се прекинати од утринава, јавува Анадолу.

Според информациите добиени од дописниците на Анадолу во регионот, сириската армија моментно е распоредена на четири точки околу покраината Хасека, вклучително и една позиција во близина на влезот во центарот на градот.

Армиските единици, исто така, зазедоа позиции по линијата на непосредниот влез на градот Сирин во јужните делови на Аин ал-Араб.

Иако во двете области продолжија судирите повремено преку ноќ, борбите во голема мера престанаа до утрото.

Исто така, стивнаа и судирите меѓу силите на сириската армија и терористичката организација и остатоците од поранешниот режим што го окупираат затворот „Актан“, кој се наоѓа северно од центарот на градот Рака.

Сириската армија продолжува да праќа засилување во двата региона.

Во неделата, сирискиот претседател Ахмeд ал-Шара објави сеопфатен договор за прекин на огнот и целосна интеграција меѓу сириската Влада и СДФ, во кој се наведени сеопфатни мерки за враќање на државната власт на североистокот на земјата.

Според договорот, СДФ ќе ги повлече своите воени формации источно од реката Еуфрат и ќе ја предаде административната и безбедносната контрола врз покраините Рака и Деир ез-Зор на сириската држава.

Договорот, исто така, предвидува интеграција на воениот и безбедносниот персонал на СДФ во сириските министерства за одбрана и внатрешни работи по индивидуална безбедносна проверка, како и префрлање на граничните премини, нафтените и гасните полиња и цивилните институции под владина контрола.

Режимот на Ал-Асад е соборен во декември 2024 година, по 24 години на власт, а Ал-Шара беше назначен за претседател минатиот јануари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın