Сирија: СДФ ги ослободи притворениците од ДЕАШ и се повлече од чување на кампот Ал-Хол во Хасека
- „Денес нејзините припадници што треба да го чуваат кампот Ал-Хол во источна Хасека се повлекле без никаква координација со сириската Влада или меѓународната коалиција...“
ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за внатрешни работи на Сирија денес ја обвини терористичката организација ЈПГ/СДФ за ослободување на притворениците од ДЕАШ и нивните семејства од затворите и повлекување од чувањето на кампот Ал-Хол во источна Хасека без координација со Владата или меѓународната коалиција предводена од САД, пренесува Анадолу.
Министерството соопшти дека по неодамнешниот договор за прекин на огнот меѓу сириската Влада и СДФ, групата „ослободила голем број затвореници од терористичката организација ДЕАШ и нивните семејства од притворните центри“.
„Денес нејзините припадници што треба да го чуваат кампот Ал-Хол во источна Хасека се повлекле без никаква координација со сириската Влада или меѓународната коалиција, во потег насочен кон вршење притисок врз Владата преку досието за борба против тероризмот“, се додава.
Кампот Ал-Хол, кој се наоѓа во Североисточна Сирија, сместува десетици илјади луѓе, меѓу кои семејства на осомничени припадници на ДЕАШ, како и раселени Сиријци и странски државјани.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
