свет

Столтенберг: „И Турција и Грција се ценети сојузници, НАТО е платформа за дијалог“

„Разговарав со претседателот Ердоган за ситуацијата во Источниот Медитеран и за тековните активности на НАТО за деескалација на конфликти со цел да се избегнат инциденти и несреќи“

Büşra Nur Bilgiç Çakmak  | 23.09.2020 - Обновена : 24.09.2020
Столтенберг: „И Турција и Грција се ценети сојузници, НАТО е платформа за дијалог“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговараа за ситуацијата во Источен Медитеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Разговарав со претседателот Ердоган за ситуацијата во Источниот Медитеран и за тековните активности на НАТО за деескалација на конфликти со цел да се избегнат инциденти и несреќи“, напиша Столтенберг на Твитер.

„И Турција и Грција се ценети сојузници, и НАТО е платформа за дијалог“, додаде челникот на НАТО.

Грција со поддршка на Франција го оспорува истражувањето на енергетските ресурси од страна на Турција во Источниот Медитеран, правејќи обиди да ја ограничи турската поморска територија врз основа на малите грчки острови во близина на турскиот брег.

Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.

Со цел да се намалат тензиите, Турција повика на дијалог за да се обезбеди праведна поделба на ресурсите.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.