Стадион претворен во привремено засолниште за раселени палестински семејства
- По прекинот на огнот, направена е снимка со дрон на Општинскиот стадион Хан Јунис, најголемиот стадион во Појасот Газа, кој се претвори во шаторски град поради израелската војна врз опколената енклава

ПОЈАС ГАЗА (АА) - По прекинот на огнот, направена е снимка со дрон на Општинскиот стадион Хан Јунис, најголемиот стадион во Појасот Газа, кој се претвори во шаторски град поради израелската војна врз опколената енклава, известува Анадолу.
Некогаш дом на спортски настани во градот, стадионот се користи како привремено засолниште за десетици раселени палестински семејства.
Поради недостаток на безбедни засолништа и инфраструктура за итни случаи, Палестинците засолниште најдоа на стадионот, истакнувајќи го обемот на хуманитарната криза во Газа.
Од октомври 2023 година, Израел во бруталните напади уби речиси 68.000 Палестинци во Газа, повеќето од нив жени и деца, и палестинската енклава ја направија во голема мера непогодна за живеење.
Договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел, постигнат преку регионално и меѓународно посредништво и имплементиран на 10 октомври, предвидува делумно повлекување на Израел од неколку области во Газа кон нови позиции во енклавата познати како „жолта линија“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.