свет

Сириски семејства ги бараат најблиските пред затворот ослободен од рацете на терористичката ЈПГ/СДФ

Затворот Ал-Актан, кој се наоѓа 10 километри североисточно од центарот на градот Рака во Сирија и во кој се наоѓаа одредени припадници на терористичката организација ДЕАШ, беше контролиран од терористичката ЈПГ/СДФ

Enes Canlı, Ömer Koparan  | 22.01.2026 - Обновена : 22.01.2026
Сириски семејства ги бараат најблиските пред затворот ослободен од рацете на терористичката ЈПГ/СДФ Фото: Bakr Al Kasem/AA

РАКА/ИСТАНБУЛ (АА) – Сириските семејства продолжуваат да ги бараат своите најблиски во затворот Ал-Актан, кој беше ослободен во вторникот од страна на сириската Армија, а кој го држеше терористичката организација ЈПГ/СДФ и елементи од соборениот режим, јави дописникот на Анадолу.

52-годишната Хинд ал-Ард за Анадолу рече дека нејзиниот 18-годишен син бил осуден на една и пол година затвор од страна на терористичката организација ЈПГ/СДФ и дека ги поминал изминатите седум месеци во притвор под обвинение за врски со сириската Армија.

Ал-Ард рече дека го барала не само својот син, туку и својот брат надвор од затворскиот комплекс, додавајќи дека претходно ѝ било дозволено три пати да го посети својот син.

Таа раскажа дека во текот на изминатиот месец, терористичката организација ја спречила да се приближи до затворските порти и ѝ забранила да го види својот син за време на новогодишните празници.

„Нека Бог ги ослободи сите муслимански затвореници. Ако даде Бог, и мојот син ќе биде ослободен“, рече таа.

- Што се случи во затворот Ал-Актан -

Затворот Ал-Актан, кој се наоѓа 10 километри североисточно од центарот на градот Рака во Сирија и во кој се наоѓаа одредени припадници на терористичката организација ДЕАШ, беше контролиран од терористичката ЈПГ/СДФ.

Откако силите на сириската Армија ја презедоа контролата врз затворот, избувнаа судири со милитантите на ЈПГ/СДФ.

По судирите, елементи на ЈПГ/СДФ ги ослободија притворените во затворот и се повлекоа од областа.

Во вторникот, сириското Министерство за одбрана соопшти дека безбедноста е целосно воспоставена во затворот Ал-Актан и дека безбедносните сили се распоредени околу местото.

Сириското претседателство, исто така, во вторникот соопшти дека е постигнато „меѓусебно разбирање“ со ЈПГ во врска со иднината на покраината Хасека.

Министерството за одбрана одделно објави четиридневен прекин на огнот со ЈПГ, кој стапи на сила во вторникот во 20 часот по локално време.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.