Се очекува земјите Г7 да донираат 1 милијарда дози вакцина против Ковид-19 на сиромашните земји
Во изјавата беше наведено дека Џонсон очекува од лидерите на Г7 да донираат вкупно 1 милијарда дози вакцина против Ковид-19 во сиромашните земји.

ЛОНДОН
Во соопштението од Кабинетот на британскиот премиер се наведува: „Како резултат на успехот на програмата за вакцинација на Велика Британија, сега сме во состојба вишокот дози да ги споделиме со оние на кои им се потребни. Со тоа ќе направиме голем чекор оваа епидемија да биде поразена засекогаш.“
Во изјавата беше наведено дека Џонсон очекува од лидерите на Г7 да донираат вкупно 1 милијарда дози вакцина против Ковид-19 во сиромашните земји.
Велика Британија во првата етапа ќе донира 100 милиони дози вакцина против Ковид-19.
- Лидерите ќе се сретнат за првпат од почетокот на епидемијата
Лидерите на земјите од Г7 се состануваат за првпат од почетокот на епидемијата. Самитот ќе започне денеска во заливот Карбис во Корнвол, Велс, и ќе трае до 13 јуни.
Г7 кој е основан во 1975 година, се состанува секоја година за да ја процени економската агенда, да создаде заеднички политики и да ја зголеми соработката.
На Самитот ќе се дискутира за важни теми како што се тековната епидемија, глобалните геополитички ризици и климатските промени.
На Самитот со кој ќе претседава британскиот премиер Џонсон, ќе присуствуваат канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги, јапонскиот премиер Јошихиде Суга, американскиот претседател Џо Бајден, претседателката на Комисијата на Европската Унија (ЕУ), Урсула фон дер Лајен и Чарлс Мишел, претседател на Европскиот совет.
На Самитот оваа година како гости се поканети австралискиот премиер Скот Морисон, јужнокорејскиот претседател Мун Јае Ин, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса и индискиот премиер Нарендра Моди.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.