свет

Секое 10. дете во светот жртва на принудна работа

Проценките се дека во 2025 година во светот ќе има 121 милион деца во светот кои ќе бидат жртви на принудна работа, меѓу кои 52 милиони мали деца ќе работат на опасни работни места

Ahmet Furkan Mercan   | 12.06.2019
Секое 10. дете во светот жртва на принудна работа

АНКАРА (АА) - Денес се одбележува Светскиот ден за борба против злоупотреба на детскиот труд, а статистичките податоци покажуваат дека секое десетто дете во светот е жртва на принудна работа, пишува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот од ноември 2017 година, Меѓународната организација за труд (ILO) при Обединетите нации (ОН), наведува дека секое десетто дете во светот е прунудено да работи. Како принудна работа, Меѓународната организација го третира секое наметнување на работа кое детето го ускратува од убавините на детството, ги редуцира неговите психофизички потенцијали, го загрозува неговиот физички и ментален развој.

Според тие податоци, во светот има 151,6 милиони деца на возраст од пет до 11 години кои се жртви на прунудна работа. Од нив, 64 милиони се девојчиња и 88 милиони момчиња. Две третини од децата жртви на принудна работа работат во секторот земјоделство, а приближно толку има жртви на неплатен труд во семејството.

Две третини од децата кои принудно работат во светот извршуваат работи кои претставуваат опасност по нивното здравје, безбедност и развој на моралните вредности.

Половината од вработените деца во светот ја сочинуваат децата од Африка, поточно 72,1 милион. Во Азија и земјите на Пацификот на работа се принудени 62,1 милион деца, додека во Америка работат 10,7 милиони деца. Во арапските земји на работа се принудени 1,2 милиони мали деца, а во Европа и централна Азија околу 5,5 милиони.

Според тоа, би можело да се каже и дека секое петто дете во Африка е жртва на принудна работа. Во арапскиот свет таква жртва е секое 35. дете, во Европа и централна Азија секое 25-то, во Америка секое 19-то, во Азија и Пацификот секое 14. дете.

Од вкупно 151,6 милиони деца принудени на работа во светот речиси половина се на возраст од пет до 11 години, додека 42 милиони деца такви жртви се на возраст меѓу 12 и 14 години. Во светот има 37 милиони деца принудени да работат кои се на возраст од 15 до 17 години.

Најмногу деца принудени на работа се во рибарството, шумарството и пасењето стока.

Според извештаите на ОН, во светот во 2000 година имало 245,5 милиони деца принудени на работа, а оттогаш е забележана стапка на опаѓање на тој број. Во 2000 година, 170,5 милиони деца работеле на опасни работни места, а денес 72,5 милиони работат на вакви работни места.

Проценките се дека во 2025 година во светот ќе има 121 милион деца во светот кои ќе бидат жртви на принудна работа, меѓу кои 52 милиони мали деца ќе работат на опасни работни места.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın