САД: Федерален судија ја запре одлуката на Трамп за ограничување на визите за странски студенти на Универзитетот Харвард
- Американски федерален судија привремено ја запре одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за ограничување на визите за меѓународни студенти на Универзитетот Харвард, кој се истакнува по својата поддршка на протестите во Палестина

ВАШИНГТОН (АА) - Американски федерален судија привремено ја запре одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за ограничување на визите за меѓународни студенти на Универзитетот Харвард, кој се истакнува по својата поддршка на протестите во Палестина, известува Анадолу.
Алисон Бароуз, која е окружен судија во Бостон, ја објави својата одлука по приговорот на универзитетот на извршната наредба на Трамп насочена кон Универзитетот Харвард.
Бароуз пресуди привремено да ја запре наредбата, која би ги ограничила визите за странски студенти кои сакаат да студираат на Универзитетот Харвард или да учествуваат во програмите за размена, и дека универзитетот ќе претрпи „непосредна и непоправлива штета“ во текот на судењето.
Бароуз, исто така, соопшти и дека ја продолжила привремената одлука против обидите на администрацијата да се прекине приемот на меѓународни студенти на универзитетот Харвард.
Администрацијата на Харвард веднаш поднесе жалба на извршната наредба, потпишана на 5 јуни, со која би се суспендирал влезот во САД на новите странски студенти кои не се имигранти, но се примени на универзитетот со визи Ф (F), M (М) или Џ (Ј).
- Несогласување меѓу Трамп и Харвард
Федералната влада се закани дека ќе ги замрзне федералните средства за многу универзитети, вклучувајќи го и Харвард, наведувајќи ги како причина, првенствено протестите во кампусот за поддршка на Палестина и програмите за разновидност, еднаквост и инклузија.
Во текот на процесот, Министерството за правда, Министерството за здравство и човечки услуги, Министерството за образование и Администрацијата за општи услуги (GSA) на САД формираа заедничка „Работна група за борба против антисемитизмот“.
Администрацијата на Трамп одлучи да замрзне 2,2 милијарди долари финансирање и 60 милиони долари договорни такси обезбедени за Харвард, а универзитетот поднесе тужба за да ја блокира оваа одлука, тврдејќи дека е незаконско замрзнувањето на средствата од страна на федералната влада.
Кристи Ноем, министерката за внатрешна безбедност на САД, испрати писмо до Универзитетот Харвард, во кое соопштува дека е суспендиран приемот на меѓународни студенти универзитетот.
Од друга страна, Бароуз, окружната судијка во Бостон, привремено ја запре оваа одлука, која Министерството за внатрешна безбедност ја испрати до Харвард.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.