Маск излезе со идеја за основање нова партија по тензиите со Трамп
- По меѓусебните обвинувања меѓу Илон Маск, американскиот бизнисмен и сопственик на Тесла и СпејсЕкс, и американскиот претседател Доналд Трамп, Маск ја сподели својата идеја за основање нова политичка партија наречена „Американска партија“

АНКАРА (АА) - По меѓусебните обвинувања меѓу Илон Маск, американскиот бизнисмен и сопственик на ‘Тесла’ и ‘СпејсЕкс’, и американскиот претседател Доналд Трамп, Маск со јавноста ја сподели својата идеја за основање нова политичка партија наречена „Американска партија“, известува Анадолу.
Маск идејата за основање нова политичка партија ја сподели на платформата X којашто ја поседува.
Маск на оваа тема спроведе анкета на платформата X, прашувајќи дали има потреба од нова политичка партија во земјата.
„Дали е навистина време да се основа нова политичка партија што ги претставува средните 80 % во САД?“, запраша Маск.
На прашањето на Маск 80,4 % од учесниците во анкетата одговориле „да“, додека одговорот на 19,6 % бил „не“.
Осврнувајќи се на резултатите од анкетата, Маск на сопствената платформа напиша:
„Народот се изјасни. Потребна е нова политичка партија во Соединетите Држави која ќе ги претставува оние 80 % во ‘средина’. И точно 80 % од луѓето се согласуваат. Тоа е судбина“, коментираше Маск.
„Еден голем прекрасен предлог-закон“ на Трамп, кој има за цел да ги спроведе даночните намалувања што ги вети за време на изборна кампања и беше усвоен од Претставничкиот дом и испратен до Сенатот, стана фокус на критиките на Маск, по што следеа меѓусебни обвинува меѓу Трамп и Маск.