Путин: Русија ќе спроведе нуклеарни тестови доколку тоа го сторат и други држави
- „Уште во 2023 година беше истакнато дека, доколку САД или други држави кои се потписнички на соодветниот договор извршат вакви тестови, Русија ќе мора да преземе соодветни одговорни мерки“
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Москва е подготвена да спроведе нуклеарни тестови доколку другите земји прво го сторат тоа, јавува Анадолу.
Тој ја даде оваа изјава за време на состанокот на Советот за безбедност на Русија, свикан по медиумските извештаи дека САД извршиле нуклеарни тестови.
Путин им наложи на безбедносните службеници да ги анализираат информациите и, доколку бидат потврдени, да се подготват за изведување сопствени тестови.
„Уште во 2023 година беше истакнато дека, доколку САД или други држави кои се потписнички на соодветниот договор извршат вакви тестови, Русија ќе мора да преземе соодветни одговорни мерки“, рече Путин.
Тој додаде дека го задолжува Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, специјалните служби и другите релевантни државни институции да приберат дополнителни информации, да ја анализираат ситуацијата во рамките на Советот за безбедност и да достават усогласени предлози за можноста за започнување подготовки за нуклеарни тестови.
Оваа изјава доаѓа по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп од 31 октомври на неговата платформа Трут соушал, во која тој соопшти дека му наредил на Пентагон да започне со итни нуклеарни тестирања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
