свет

Путин: Русија успешно ги тестираше дроновите со нуклеарен погон „Посејдон“

- Зборувајќи на средба со ранетите војници во московската болница „Мандрика“, Путин рече дека „за прв пат е можно да се лансира мотор со нуклеарен погон“ за подводниот систем на торпедни дронови.

Elena Teslova  | 29.10.2025 - Обновена : 30.10.2025
Путин: Русија успешно ги тестираше дроновите со нуклеарен погон „Посејдон“

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес објави дроновите „Посејдон“ со нуклеарен погон биле успешно тестирани оваа недела, јавува Анадолу.

Зборувајќи на средба со ранетите војници во московската болница „Мандрика“, Путин рече дека „за прв пат е можно да се лансира мотор со нуклеарен погон“ за подводниот систем на торпедни дронови.

„Тоа е огромен успех“, рече тој.

Путин додаде дека уредот е невозможно да се пресретне и дека „во однос на брзината и длабочината, нема аналози во светот“.

Тој, исто така, тврдеше дека моќта на „Посејдон“ значително ја надминува онаа на тешката руска ракета „Сармат“, која се смета за најмоќна нуклеарна ракета во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.