свет

Прелиминарни резултати: Шавкат Мирзиоев повторно е избран за претседател на Узбекистан

- На претседателските избори во Узбекистан гласаа 15,6 милиони лица или 79,88 отсто од регистрираните гласачи

Burç Eruygur  | 10.07.2023 - Обновена : 11.07.2023
Прелиминарни резултати: Шавкат Мирзиоев повторно е избран за претседател на Узбекистан

ИСТАНБУЛ (АА) - Шавкат Мирзиоев повторно е избран за претседател на Узбекистан со нешто повеќе од 87 отсто освоени гласови на предвремените избори што се одржаа вчера, покажаа прелиминарните резултати, пренесува Анадолу.

„Во согласност со законот, за победник на претседателските избори се смета кандидатот што ќе освои 50 отсто од гласовите плус еден глас. Бидејќи Шавкат Мирзиоев, според прелиминарните податоци, освои 87,05 отсто од гласовите, тој легално е избран за претседател“, изјави во Ташкент, Зајнидин Низамходаев, шеф на узбекистанската Централна изборна комисија.

Низамходаев соопшти дека на претседателските избори гласале 15,6 милиони лица, што претставува 79,88% од регистрираните гласачи.

Противкандидатите Робахон Махмудова, Улугбек Инојатов и Абдушукур Хамзаев освоија 4,43 отсто, 4,02 отсто и 3,74 отсто гласови.

Граѓаните на Узбекистан на 30 април гласаа за уставните амандмани што предвидуваат продолжување на претседателскиот мандат од сегашните пет на седум години и овозможува сегашниот претседател Мирзиоев да биде повторно избран по два последователни мандата.

По гласањето Мирзиоев најави предвремени избори што Изборната комисија ги закажа за 9 јули.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın