свет

Пред хотел во Њујорк убиен извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

„ЈунајтедХелткер“ е најголем снабдител на планови на Medicare Advantage во САД и управува со здравственото осигурување на работодавците и програмите на Medicaid, финансирани од државата и сојузните држави.

Associated Press  | 04.12.2024 - Обновена : 05.12.2024
Пред хотел во Њујорк убиен извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

ЊУЈОРК (АА) - Брајан Томпсон, извршен директор на „ЈунајтедХелткер“ (UnitedHealthcare), е смртно застрелан пред хотел во центарот на Менхетен, Њујорк, каде што требаше да зборува на состанок со инвеститорите, според лице запознаено со истрагата, јавува Анадолу.

Лицето зборуваше под услов за анонимност бидејќи не било овластено да говори за истрагата.

Полицијата не го соопшти името на жртвата, но рече дека 50-годишник бил застрелан околу 6:45 часот пред „Хилтон“, а напаѓачот побегнал.

Жртвата била пренесена во блиската болница, но не можело да ѝ се спаси животот.

Прелиминарната полициска истрага покажа дека пукањето не било случајно, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

„Се чини дека ова е целно убиство“, рече тој.

„ЈунајтедХелткер“ е осигурителна гранка на здравствениот гигант UnitedHealth Group Inc. Компанијата со седиште во Минетонка, Минесота, требаше да го одржи својот годишен состанок со инвеститорите во Њујорк за да го извести Вол стрит за насоката и очекувањата на компанијата за следната година.

Дел од блокот каде што се случило пукањето е заграден со полициска лента, а на местото на настанот има голем број полицајци.

Томпсон беше извршен директор повеќе од три години, а во компанијата беше од 2004 година.

„ЈунајтедХелткер“ е најголем снабдител на планови на Medicare Advantage во САД и управува со здравственото осигурување на работодавците и програмите на Medicaid, финансирани од државата и сојузните држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.