Michael Gabriel Hernandez
04 Октомври 2025•Ажурирај: 05 Октомври 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денес го поздрави одговорот на Хамас на неговиот предлог за прекин на огнот и размена на затвореници, велејќи дека верува оти палестинската група е „подготвена за траен мир“, пренесува Анадолу.
„Израел мора веднаш да го запре бомбардирањето на Газа за да можеме безбедно и брзо да ги извлечеме заложниците!“, истакна тој преку својата компанија за социјални медиуми „Truth Social“.
„Во моментов е премногу опасно да се направи тоа. Веќе сме во разговори околу деталите што треба да се разработат. Не станува збор само за Газа, туку за долгоочекуваниот МИР на Блискиот Исток.“
Претходно Белата куќа објави видео на кое се гледа како Трамп снима видеопорака за Газа, иако останува нејасно кога ќе биде објавена.