свет

Пожар ја зафати историската црква Вонделкерк во Амстердам

Пламените јазици кои ја зафатија црквата стара 154 години предизвикаа евакуација на десетици околни домови

Elena Trenchevska Chekovic  | 01.01.2026 - Обновена : 01.01.2026
Пожар ја зафати историската црква Вонделкерк во Амстердам Фото: Mouneb Taim/AA

АМСТЕРДАМ (AA) – Пожар во текот на новогодишната ноќ ја зафати историската црква Вонделкерк во Амстердам, Холандија, јавува Анадолу.

Пламените јазици кои ја зафатија црквата стара 154 години предизвикаа евакуација на десетици околни домови.

Според соопштението од Општина Амстердам, пожарот започнал околу 1:30 часот.

Портпаролот на службите за итни случаи потврди дека објектот не може да се спаси, нагласувајќи дека целата црква може да се сруши во секој момент.

Причините за пожарот не се веднаш утврдени. Нема пријавени повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın