Пожар во Франција: Шестгодишно дете меѓу четворицата настрадани
Француските медиуми наведуваат дека се спасени 20 лица. Меѓу смртно настраданите е и шестгодишно дете и две 35-годишни жени.
Paris
ПАРИЗ (АА) - Најмалку четири лица загинаа во пожарот што изби во една зграда во Марсеј, во јужниот дел на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу смртно настраданите има и едно дете. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека пожарот избил во четирикатна зграда, поточно избил на приземјето, а за краток период се проширил и на останатите катови.
Француските медиуми наведуваат дека се спасени 20 лица. Меѓу смртно настраданите е и шестгодишно дете и две 35-годишни жени.
Канцеларијата на обвинителот на Марсеј започна истрага за откривање на причината за избивањето на пожарот.