свет

Пожар во станбена зграда одзеде 15 животи во Кина

- Повредени се 44 лица, кои се префрлени во болница, пренесоа кинеските медиуми

Islam Uddin  | 24.02.2024 - Обновена : 27.02.2024
Пожар во станбена зграда одзеде 15 животи во Кина Фото: Илустрација

ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 15 лица загинаа во пожарот што избувна во станбена зграда во Нанџјинг, главниот град на кинеската источна провинција Џјиангсу, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

„Пожарот избувна рано утринава во округот Јухутаи и во него се повредени 44 лица“, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Повредените се префрлени во болница.

Првичната истрага утврди дека пожарот избувнал на првиот кат од зградата, во кој биле поставени електричните велосипеди.

Минатиот месец најмалку 52 лица загинаа, а неколку се повредени во пожарите на згради и училишни дворови во провинцијата Џиангкси, односно централната провинција Хенан.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın