свет

Пожар во станбена зграда одзеде 12 животи во Јужна Кина

- Пожарот избувнал во 21:21 часот по локално време во округот Чаонан и бил изгаснат околу 22 часот

Berk Kutay Gökmen  | 10.12.2025 - Обновена : 10.12.2025
Пожар во станбена зграда одзеде 12 животи во Јужна Кина

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 12 лица загинаа во пожар во станбена зграда синоќа во градот Шантоу во јужната кинеска покраина Гуангдонг, соопштија властите денес, јавува Анадолу.

Пожарот избувнал во 21:21 часот по локално време во округот Чаонан и бил изгаснат околу 22 часот, соопшти рано утрово противпожарната служба на округот, според „Синхуа њуз“.

Прелиминарните истраги покажаа дека зградата била четирикатна, самоизградена бетонска структура и дека пожарот зафатил речиси 150 квадратни метри околу неа.

Властите ја истражуваат причината за пожарот што се случи по смртоносниот пожар на 26 ноември во кој загинаа 159 лица во Хонгконг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın