свет

Поделени мислењата на земјите членки на ЕУ за поморската мисија во Медитеранот

Борел изјави дека либискиот мировен процес е сѐ уште во тек, но призна дека земјите членки на ЕУ имаат некои несогласувања во врска со спроведувањето на ембаргото за вооружување и рече дека ситуацијата на теренот е многу лоша

Ekip   | 17.02.2020
Поделени мислењата на земјите членки на ЕУ за поморската мисија во Медитеранот

БРИСЕЛ (АА) - Земјите членки на Европската унија (ЕУ) имаат поделено мислење во врска со продолжувањето на поморската мисија, со цел надзор на ембаргото на вооружувањето во Либија, изјави висок дипломат на ЕУ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Џозеп Борел се осврна на операцијата „Софија“, чие повторно започнување беше на агендата во јануари со фокус на Либија.

Операцијата првично беше започната во 2015 година за да се запре нелегалната миграција во Медитеранското Море, но беше суспендирана пред една година, кога италијанската Влада одби да ги натовари бродовите од операцијата „Софија“.

Борел изјави дека либискиот мировен процес е сѐ уште во тек, но призна дека земјите членки на ЕУ имаат некои несогласувања во врска со спроведувањето на ембаргото за вооружување и рече дека ситуацијата на теренот е многу лоша.

Тој исто така потврди дека повеќе од една земја членка е против повторното започнување на операцијата „Софија“, при што истакна дека тоа е причината зошто тој не очекува да се донесе одлука денеска.

„Ќе продолжиме да работиме на тоа“, изјави тој и изрази надеж да се постигне договор на следниот состанок.

На почетокот од овој месец, владите на Унгарија и Австрија се спротивставија на оваа мисија, тврдејќи дека обновеното воено присуство на ЕУ ќе ги охрабри криумчарите со луѓе и нелегалната миграција.

„Берлинскиот мировен процес не вреди многу без режим за контрола на оружјето“, објасни пред состанокот високиот дипломат на Луксембург, Жан Аселборн.

Минатиот месец Германија беше домаќин на Самитот за Либија, барајќи меѓународно единство за напорите за политичко решение и прекин на огнот во северноафриканската држава.

На Самитот учествуваа претставници на САД, Турција, Русија, Велика Британија, ОН, Алжир, Кина, Египет, Франција, Германија, Италија, Република Конго, Обединетите Арапски Емирати, Африканската Унија, Европската Унија и Лигата на арапски држави.

Конференцијата заврши со заложби за поддршка на ембаргото за прекин на огнот и оружјето, а шефовите на државите и владите се согласија да формираат комитет за разговори за спроведување на заклучоците.

Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи. Оттогаш се води борба за доминација меѓу ривалските табори со седиште во Триполи и Тобрук.

Нелегитимните сили предводени од Калифа Хафтар во април минатата година започнаа напад на Триполи, каде што се наоѓа седиштето на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија, на чие чело е Фајез ал Сараџ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın