свет

Плоштадот на кој се наоѓа Амбасадата на САД во Москва ќе се вика „Народна Република Доњецк“

- „Амбасадата на САД во Москва има нова официјална адреса. Дипломатската мисија на САД сега ќе биде лоцирана на Плоштадот на Народна Република Доњецк бр. 1“

Dmitri Chirciu  | 22.06.2022 - Обновена : 24.06.2022
Плоштадот на кој се наоѓа Амбасадата на САД во Москва ќе се вика „Народна Република Доњецк“ Фото: Илустрација / АА

МОСКВА (АА) - Општина Москва, Русија, името на плоштадот на кој се наоѓа зградата на Американската амбасада, го смени во таканаречена „Народна Република Доњецк“, прогласена од сепаратистите во источна Украина поддржани од Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Општина Москва се наведува дека е спроведена анкета за промена на адресата каде што се наоѓа Американската амбасада во Москва.

Се нагласува дека во анкетата на општината учествувале 278.684 луѓе.

„Амбасадата на САД во Москва има нова официјална адреса. Дипломатската мисија на САД сега ќе биде лоцирана на Плоштадот на Народна Република Доњецк бр. 1. Околу 45 отсто од анкетираните го одобрија ова“, се нагласува во соопштението на Општина Москва.

Се потсетува дека поранешната адреса на Американската амбасада во Москва е улицата „Бољшој Девјатинскиј“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.