свет

Папата Лав XIV повика на прекин на огнот во Газа и почитување на меѓународното хуманитарно право

- „Изразувам најдлабоко сочувство до палестинскиот народ во Газа. Тие продолжуваат да преживуваат во страв и неприфатливи услови. Тие се принудени да ја напуштат својата земја“, рече папата Лав XIV.

Barış Seçkin  | 17.09.2025 - Обновена : 18.09.2025
Папата Лав XIV повика на прекин на огнот во Газа и почитување на меѓународното хуманитарно право

ВАТИКАН (АА) - Папата Лав XIV, духовниот водач на католиците и шеф на државата Ватикан, рече дека Палестинците во Газа се борат да преживеат во страв и неприфатливи услови, и повика на итен прекин на огнот и почитување на меѓународното хуманитарно право, известува Анадолу.

Папата, кој денес одржа општа аудиенција на Плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, зборуваше за случувањата во Газа, која е под израелски напад.

„Изразувам најдлабоко сочувство до палестинскиот народ во Газа. Тие продолжуваат да преживуваат во страв и неприфатливи услови. Тие се принудени да ја напуштат својата земја“, рече папата Лав XIV.

Во својот говор за Газа, папата истакна:

„Пред Семоќниот Бог, кој заповедал 'Не убивај', и во светлината на целата човечка историја, секое човечко суштество има неповредливо достоинство кое секогаш мора да се почитува и заштитува“.

Папата Лав XIV го продолжи својот говор со зборовите:

„Го обновувам мојот повик за прекин на огнот, за ослободување на заложниците, за дипломатско решение преку преговори и за целосно почитување на меѓународното хуманитарно право. Ги поканувам сите да ми се придружат во мојата искрена молитва за брза зора на мирот и правдата“.

Зборовите на папата добија аплауз од илјадниците лица собрани на плоштадот.

Папата Лав XIV вчера го повика отец Габриел Романели од Црквата на Светото Семејство во Појасот Газа за да ја изрази својата загриженост за случувањата во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.