Палестинците во сѐ поголем број се враќаат во северна Газа по прекинот на огнот
Израелската армија започна со постепено повлекување на трупите од Појасот Газа вчера, и ќе го заврши своето повлекување до локациите наведени во планот на американскиот претседателТрамп

СКОПЈЕ (АА) – Палестинците со долг конвој возила по патниот правец Ал-Рашид се враќаат во своите домови во северна Газа по договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.
Израел вчера објави дека договорот за прекин на огнот стапил на сила напладне по локално време.
„Договорот за прекин на огнот стапи на сила во 12:00 часот по израелско време. Почнувајќи од 12:00 часот, армиските сили зазедоа позиции на новите оперативни линии за распоредување врз основа на договорот за прекин на огнот и враќањето на киднапираните“, соопшти израелската армија во писмена изјава испратена до Анадолу.
Израелската армија започна со постепено повлекување на трупите од Појасот Газа вчера, и ќе го заврши своето повлекување до локациите наведени во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа во рок од 24 часа, според израелските медиуми.
Во четвртокот, Трамп објави дека Израел и палестинската група Хамас постигнале договор за првата фаза од неговиот план за прекин на огнот и размена на затвореници.
Договорот дојде по четиридневни индиректни преговори меѓу двете страни во египетскиот град Шарм ел-Шеик, со учество на делегации од Турција, Египет и Катар, под надзор на САД.
Од октомври 2023 година, во израелските напади во Газа убиени се речиси 67.200 Палестинци, а енклавата е претворена во урнатини.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.