свет

Палестински челник предупреди на можноста од избувнување на отворен судир меѓу Палестина и Израел

- Шефот на Палестинскиот национален совет рече дека меѓународната заедница има рок до септември да одржи меѓународна конференција за воспоставување мир на Блискиот Исток

Ekip  | 13.02.2022 - Обновена : 17.02.2022
Палестински челник предупреди на можноста од избувнување на отворен судир меѓу Палестина и Израел

РАМАЛА 

Шефот на Палестинскиот национален совет, Рави Фатух, се закани со отворен судир со Израел, среде стагнацијата на палестинско-израелските мировни преговори, известува Агенција Анадолија (АА).

Фатух рече дека меѓународната заедница има рок до септември да одговори на палестинските барања и да одржи меѓународна конференција за воспоставување мир на Блискиот Исток.

„Ќе бидеме ослободени од сите наши обврски доколку меѓународната заедница не одговори и не одржи меѓународна мировна конференција и ќе дојде до отворен судир“, предупреди Фатух.

Палестинскиот национален совет е законодавно тело на кровната Палестинска ослободителна организација (ПЛО).

Во средата Палестинскиот централен совет, помало собрание кое произлезе од Палестинскиот национален совет, го суспендираше своето признавање на Израел сè додека Тел Авив не ја признае палестинската држава во границите од 1967 година.

Во соопштението на Палестинскиот централен совет се наведува дека донесена е одлука да се прекине почитувањето на сите договори со Израел.

Фатух рече дека одлуките на Палестинскиот централен совет ќе се спроведуваат постепено, без да даде дополнителни детали.

Палестинската ослободителна организација и Израел во 1993 година го потпишаа Договорот од Осло, што на Палестинците им даде облик на самоуправување. Повеќегодишните мировни преговори меѓу двете страни не успеаја да ја постигнат палестинската цел за воспоставување независна држава.

Мировните преговори под покровителство на АСД пропаднаа во 2014 година поради одбивањето на Израел да ја запре изградбата на нелегалните еврејски населби и да ги ослободи Палестинците затворени пред 1993 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın