свет

ОН ја потсети Германија на законските обврски откако Берлин ги укина ограничувањата за извоз на оружје во Израел

„Третите држави имаат одговорност да обезбедат почитување на меѓународното хуманитарно право и, соодветно на тоа, да гарантираат дека нивните трансфери на оружје не доведуваат до прекршувања“

Muhammet İkbal Arslan  | 18.11.2025 - Обновена : 18.11.2025
ОН ја потсети Германија на законските обврски откако Берлин ги укина ограничувањата за извоз на оружје во Израел

ЖЕНЕВА (АА) – Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) денес ја потсети Германија на нејзините меѓународни правни обврски откако Берлин реши да ги укине ограничувањата за извоз на оружје во Израел, јавува Анадолу.

Портпаролот на ОХЦХР, Тамин Ал-Кетан, одговарајќи писмено на прашања на Анадолу во врска со одлуката на германската Влада, истакна дека Германија, како држава потписничка на Договорот за меѓународна трговија со оружје, има „дополнителни обврски да ја процени можноста извезеното оружје да биде употребено за извршување или за олеснување на сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно и човековото право“.

На прашањето како канцеларијата ги гледа чекорите на Берлин во момент кога Израел продолжува со напади врз Газа и покрај прекинот на огнот, Ал-Кетан истакна дека меѓународното хуманитарно право важи не само за време на активни непријателства, туку и за време на прекини на оган, а човековите права мора да бидат почитувани во секое време.

„Повторуваме дека третите држави имаат одговорност да обезбедат почитување на меѓународното хуманитарно право и, соодветно на тоа, да гарантираат дека нивните трансфери на оружје не доведуваат до прекршувања“, рече тој.

Ал-Кетан додаде дека Канцеларијата за човекови права ги охрабрува државите да прифатат претпазлив и заштитнички пристап кога постои сомнение како може да биде употребено оружјето – вклучително и да се воздржат од трансфер доколку има ризик од злоупотреба.

Според германските медиуми, Владата во Берлин одлучила да ги укине ограничувањата што беа воведени поради израелските напади врз Газа.

Портпаролот на Владата, Стефан Корнелиус, за германската прес-агенција вчера изјави дека соопштението од 8 август, кое се однесуваше на одредени категории оружје, „повеќе не е валидно поради променетите околности“ и дека рестрикциите ќе бидат укинати од 24 ноември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın