свет

Нетанјаху до началникот на Генералштабот: Доколку не се согласувате со окупација на целиот Појас Газа, поднесете оставка

- Неименуван функционер од Кабинетот на премиерот Нетанјаху разговарал со весникот „Џерусалим пост“ за потенцијалните идни чекори на Израел во врска со нападите врз Газа, истакнувајќи дека Нетанјаху одлучил да го окупира целиот Појас Газа.

Mustafa Deveci  | 05.08.2025 - Обновена : 06.08.2025
Нетанјаху до началникот на Генералштабот: Доколку не се согласувате со окупација на целиот Појас Газа, поднесете оставка

АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наводно пратил порака до началникот на Генералштабот, Ејал Замир: „Доколку не се согласувате со планот за окупација на целиот Појас Газа, треба да поднесете оставка“, известува Анадолу.

Неименуван функционер од Кабинетот на премиерот Нетанјаху разговарал со весникот „Џерусалим пост“ коментирајќи ги потенцијалните идни чекори на Израел во врска со нападите врз Газа.

Службеникот од Кабинетот на премиерот изјавил дека Нетанјаху одлучил да го окупира целиот Појас Газа.

Изворот истакнал дека во согласност со таквата одлука се планира спроведување копнени напади врз областите за кои се смета дека таму се чуваат заробеници Израелци.

Службеникот истакнал дека Кабинетот на премиерот му пренел порака на началникот на Генералштабот, Замир:

„Доколку не се согласувате со планот за окупација на целиот Појас Газа, треба да поднесете оставка.“

Во вестите објавени во израелските медиуми се вели дека Замир бил против планот за окупација на целиот Појас Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.