свет

На протестите во Белорусија приведени 150 лица

„На вчерашните протести во земјата приведени се 150 лица кои го прекршија законот. Во притвор ќе останат 116 лица до нивно излегување пред судот“

Ali Cura   | 27.09.2020
На протестите во Белорусија приведени 150 лица

МИНСК (АА) - На вчерашните протести во Белорусија, организирани во знак на незадоволство поради резултатите од претседателските избори, приведени се 150 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).

Олга Чемоданова, портпарол на белоруското Министерство за внатрешни работи, соопшти дека вчера на десет локации биле одржани недозволени протести.

Воедно, како што изјави Чемоданова, биле одржани протести за поддршка на власта, на кои учествувале околу 40.000 луѓе.

На протестите во Минск учествуваа околу 200 жени.

„На вчерашните протести во земјата приведени се 150 лица кои го прекршија законот. Во притвор ќе останат 116 лица до нивно излегување пред судот“, рече Чемоданова.

Протестите започнаа откако беше соопштено дека Александар Лукашенко е победникот на претседателските избори одржани на 9 август. Демонстрантите сметаат дека изборите се наместени и бараат нови избори и уставни измени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın