свет

Најмалку 44 повредени во централен Израел од ирански ракети, пријавена е материјална штета

Околу 20-30 ирански ракети биле насочени кон централните градови на Израел

Betül Yılmaz  | 19.06.2025 - Обновена : 19.06.2025
Најмалку 44 повредени во централен Израел од ирански ракети, пријавена е материјална штета

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 44 лица се повредени во најновиот ирански ракетен напад утринава, вклучувајќи тројца кои се во сериозна состојба, соопшти израелската Национална служба за вонредни состојби, јавува Анадолу.

Според израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН, околу 20-30 ирански ракети биле насочени кон централните градови на Израел, вклучувајќи ги Тел Авив, Рамат Ган и Холон, како и болницата Сорока во јужниот град Бершеба.

Иранската државна новинска агенција ИРНА тврди дека ракетите го погодиле седиштето на израелската Армија и разузнавачката служба во близина на болницата Сорока и дека експлозивниот бран повредил лица во болницата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın