свет

Најмалку петмина Палестинци се убиени во израелски напад врз училиште во Појасот Газа

– Најмалку петмина Палестинци се убиени, а многумина се повредени во денешниот израелски напад врз училиштето „Абу Хелу“, каде што биле сместени раселени лица

Aida Cako  | 17.07.2025 - Обновена : 18.07.2025
Најмалку петмина Палестинци се убиени во израелски напад врз училиште во Појасот Газа

СКОПЈЕ (АА) – Најмалку петмина Палестинци се убиени, а многумина се повредени во денешниот израелски напад врз училиштето „Абу Хелу“, каде што биле сместени раселени лица, јавува Анадолу.

Нападот предизвика голем пожар во бегалскиот камп Бурејџ, каде што се наоѓа училиштето.

Изминатите недели училиштето „Абу Хелу“ повторно беше цел на израелски напад ноќе.

И покрај повиците од меѓународната заедница за прекин на огнот, израелската армија продолжува со офанзивата во Појасот Газа што трае од октомври 2023 година. Според последните податоци, досега се убиени речиси 58.500 Палестинци, најголем број од нив жени и деца.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, поради сомненија за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува и со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата во врска со војната во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.