Балкан

Албанскиот премиер Рама: „Вештачката интелигенција може да стане дел од владата“

– Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) во блиска иднина може да биде интегрирана во процесите на одлучување на владата

Dzihat Aliju  | 18.07.2025 - Обновена : 18.07.2025
Албанскиот премиер Рама: „Вештачката интелигенција може да стане дел од владата“

БЕРАТ (АА) – Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) во блиска иднина може да биде интегрирана во процесите на одлучување на владата, известува Анадолу.

Премиерот Рама, на настанот што се одржа во градот Берат, каде што учествуваше на програмата заедно со претставниците на компании од областа на технологијата, иновациите и претприемништвото, нагласи дека ВИ може да ја зголеми транспарентноста и ефикасноста во јавната администрација.

„Многу брзо, вештачката интелигенција може да стане најефикасниот член на владата. Еден ден можеби ќе имаме министерство целосно управувано од ВИ. Така нема да има ниту врски, ниту судир на интереси“, рече премиерот Рама.

Иако засега немаат преземено официјални чекори во таа насока, премиерот Рама нагласи дека оваа идеја треба сериозно да се разгледа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.