свет

Меркел: „Нема да ја разочараме Ирска во однос на Брегзит“

Германската канцеларка рече дека трговскиот договор во рамките на Брегзит ќе биде во интерес на сите, и дека членките на ЕУ се согласни за трговскиот договор со Велика Британија

Cüneyt Karadağ,Bahattin Gönültaş   | 14.10.2020
Меркел: „Нема да ја разочараме Ирска во однос на Брегзит“ Фото: Abdulhamid Hoşbaş/AA

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, соопшти дека трговскиот договор меѓу Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија во рамките на Брегзит ќе биде во интерес на сите и нагласи дека нема да ја разочараат Ирска во однос на Брегзит, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Ние нема да ја разочараме Ирска за Брегзит, ќе продолжиме да бидеме заедно во преговорите“, нагласи Меркел, истакнувајќи ја важноста на трговскиот договор и од аспект на Ирска.

Меркел рече дека трговскиот договор во рамките на Брегзит ќе биде во интерес на сите, и дека членките на ЕУ се согласни за трговскиот договор со Велика Британија.

Во случај на евентуално несогласување, германската канцеларка Меркел додаде: „Ние мора да се подготвиме и за тоа ако нема резултат во преговорите за Брегзит.“

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ утре и во петок ќе се состанат во Брисел за да разговараат за трговскиот договор со Велика Британија како дел од Брегзит.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.