свет

Мадуро предупреди дека ќе им биде одземено државјанството на оние што ја поддржуваат американската инвазија

– Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, обвини неколку опозициски претставници дека ги охрабруваат САД да интервенираат во Венецуела, додавајќи дека основата за ваквиот потег се наоѓа во член 130 од Уставот на земјата

Sinan Doğan  | 31.10.2025 - Обновена : 31.10.2025
Мадуро предупреди дека ќе им биде одземено државјанството на оние што ја поддржуваат американската инвазија

БОГОТА / ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, вчера најави дека ќе започне уставна постапка за одземање на државјанството на сите кои промовираат или поттикнуваат пропаганда што повикува на американска инвазија врз земјата, јавува Анадолу.

Според локалните медиуми, Мадуро обвини неколку опозициски претставници дека ги охрабруваат САД да интервенираат во Венецуела, додавајќи дека основата за ваквиот потег се наоѓа во член 130 од Уставот на земјата.

Сепак, член 35 од истиот Устав предвидува дека таква одлука може да донесе само Врховниот суд, и дека венецуелските државјани по раѓање не можат да бидат лишени од своето државјанство.

За време на своите посети на сојузните држави Сукре и Делта Амакуро, Мадуро ја критикуваше Владата на Тринидад и Тобаго, обвинувајќи ја дека „се покорува на интересите на САД“.

Тој ги обвини американските власти дека „сеат раздор, омраза и ксенофобија во регионот“, со цел да ги спротивстават соседните земји една на друга и да предизвикаат вооружен конфликт.

Мадуро, исто така, тврдеше дека е спречена „лажна операција под туѓо знаме“ организирана од Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).

Според него, планот на ЦИА бил да изврши напад врз американските воени бродови стационирани во Тринидад и Тобаго, а потоа за инцидентот да ја обвини Венецуела.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın