свет

Либанскиот министер за здравство: Во израелските напади убиени 274 лица

Израелската војска од утрово изврши напади на над 300 цели низ Либан, што е најжестокото бомбардирање од 8 октомври минатата година.

Muhammed Emin Canik  | 23.09.2024 - Обновена : 24.09.2024
Либанскиот министер за здравство: Во израелските напади убиени 274 лица Фото: Ramiz Dallah/AA

БЕЈРУТ (АА) - Либанскиот министер за здравство, Фирас ал-Абјад, соопшти дека во денешните израелски напади врз Либан загинале 274 лица, а над 1.000 се ранети, јавува Анадолу.

Израелската војска од утрово ги интензивира воздушните напади на југот и на истокот на Либан.

Абјад истакна дека бројот на убиени е зголемен на 274, додека на ранетите на 1.024.

Израелската војска од утрово изврши напади на над 300 цели низ Либан, што е најжестокото бомбардирање од 8 октомври минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın