свет

Кремљ: „Русија е во контакт со Турција во врска со Идлиб“

„Ако зборуваме за операција против терористички групи во Идлиб, тоа би било во согласност со договорите од Сочи, затоа што е одговорност на Турција да ги неутрализира овие терористички групи“

Elena Teslova   | 19.02.2020
Кремљ: „Русија е во контакт со Турција во врска со Идлиб“

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска изјави дека Русија ќе остане во контакт со Турција за да се избегне понатамошна ескалација во сириската северозападна област Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи за новинарите во Москва, Песков побара почитување на меморандумот склучен помеѓу Русија и Турција од 2018 година за Идлиб, преговаран меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи.

„Задоволни сме од договорите пред повеќе од една година во Сочи - и ова беше на заемно задоволство. Ние престанавме да бидеме задоволни кога милитантите и терористичките групи започнаа да преземаат офанзивно дејствување против сириските вооружени сили и руските воени објекти од територијата на Идлиб“, рече Песков.

„Телефонскиот разговор меѓу претседателите на двете земји допрва треба да биде закажан, но тој може да биде договорен во рок од неколку часа“, додаде тој.

Коментирајќи ја можната турска воена операција во Идлиб, Песков рече дека ова може да заврши или со добро или со лошо сценарио.

„Ако зборуваме за операција против терористички групи во Идлиб, тоа би било во согласност со договорите од Сочи, затоа што е одговорност на Турција да ги неутрализира овие терористички групи“, рече тој, додавајќи дека операција против режимот на Башар ал Асад би претставувало „најлошо сценарио“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека започнувањето на прекуграничната операција во Идлиб од страна на Турција е само прашање на време.

„Средбите со руските власти за ставање крај на крвопролевањето во Идлиб не успеаја да дадат резултати“, рече Ердоган.

На 10 февруари, пет турски војници загинаа и петмина беа повредени во гранатирањето на режимските сили во Идлиб, по сличниот напад минатата недела во кој загинаа седум турски војници и еден цивил што работеше во турската војска.

Турција се одмазди за двата напади, напаѓајќи голем број цели и неутрализирајќи над 200 војници на режимот на Асад.

Северозападната сириска област Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.

Во моментов, популацијата на Идлиб, со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое е најмногу напаѓано од страна на режимот.

Турција, Русија и Иран, на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, ги прогласија Идлиб и околината за зона без судири. Турција и Русија, како резултат на кршењето на Договорот за прекин на огнот од страна на режимските сили, постигнаа дополнителен договор за таа област.

Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент, од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија над 1.800 цивили.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın