свет

Климатските промени предизвикуваат намалување на телото на птиците преселници

- Студиите спроведени од страна на научниците открија дека во последните години климатските промени влијаат на намалувањето на телото на птиците преселници, како и на промена на миграциската рута

Sümeyye Dilara Dinçer   | 13.05.2022
Климатските промени предизвикуваат намалување на телото на птиците преселници

АНКАРА (АА) - Светскиот ден на птиците преселници кој оваа година се одбележува на 14 мај, има за цел да се подигне свеста за заштита на живеалиштата на птиците преселници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според истражувањата, голем број птици летаат во групи помеѓу океаните и континентите во одредени периоди од годината за пронаоѓање храна, промена на живеалиште или поради временските услови.

Четириесет проценти од видовите птици (најмалку 4.000 вида) мигрираат редовно. Некои од нив патуваат преку океаните, а други, главно на копно.

Студиите спроведени од страна на научниците во последните години открија дека климатските промени влијаат на птиците преселници, како и на милиони живи суштества.

Студија спроведена во САД забележа намалување на големината на телото на повеќе од 50 вида птици помеѓу 1978 и 2006 година (во рок од 40 години).

Според податоците на „Еколоџи летерс“ (Ecology Letters), просечната телесна тежина на 52 вида кои се размножуваат во постудените делови на Северна Америка и мигрираат за да ја поминат зимата на места јужно од Чикаго, се намалила за 2,6 отсто.

Исто така, утврдено е дека распонот на крилјата на птиците е зголемен за 1,3 отсто за да се покријат долгите миграциски рути.


- Милиони птици рано започнуваат со патувањето поради глобалното затоплување

Поради глобалното затоплување настанати се и промени во рутите за миграција на птиците преселници.

Според податоците на веб-страницата „Scientific American“, зголемените температури предизвикуваат птиците преселници со патувањето да започнуваат малку порано.

Експертите, во студијата во која се испитувани милиони птици, наведуваат дека пролетната преселба на птиците започнува порано секоја година поради климатските промени.

Се предвидува дека менувањето на рутата на птиците преселници за храна и живеалиште може да предизвика да се појават нови видови растенија.

Во студијата се нагласува дека птиците преселници на нивните миграциски рути можат да додадат регион во кој никогаш порано не биле.


- Птица преселница која поминува најдолг пат во светот: Арктичка бомбичка

Арктичката бомбичка живее во просек 30 години, и е позната како птица преселница која минува најдолг пат во светот. Овој вид птици мигрираат секоја година, ја минуваат рутата од Гренланд до Антарктикот.

Утврдено е дека овој вид птици, кои во последните години се следени со технологијата во развој, може да летаат во просек 2,4 милиони километри.

Откриено е дека Арктичката бомбичка поминува растојание околу шестпати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Месечината, односно 2,4 милиони километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.