Кина ја прекина соработката со американските компании вклучени во продажбата на оружје на Тајван
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гинг Шуанг, денес во Пекинг остро ја осуди одлуката на САД за продажба на тенкови и ракети на Тајван.

ПЕКИНГ (АА) - Властите на Кина соопштија дека Владата и компаниите од таа земја повеќе нема да соработуваат со компаниите кои се вклучени во продажбата на оружје на Тајван, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гинг Шуанг, денес во Пекинг остро ја осуди одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за продажба на тенкови и ракети на Тајван.
Тој изјави дека американската продажба на оружје на Тајван претставува грубо кршење на меѓународното право и нормите.
„Тоа сериозно ја загрозува целоста на Кина и нејзиниот национален суверенитет“, порача Гинг.
Властите на САД минатата недела одобрија продажба на 108 тенкови од типот „M1A2T Abrams“, 250 ракети „Stinger“ и потребната опрема и муниција. Пакетот е вреден 2,2 милијарди долари.
Оружје за продажба на Тајван произведуваат американските компании „General Dynamics Corp“ и „Raytheon“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.