Албанска актерка ги тужи институциите за користење на нејзиниот глас и лик за виртуелната министерка Диела
- Тужбата е поднесена до Управниот суд од прв степен во Тирана, додека се наведува дека актерката бара и отштета од еден милион евра за причинета „штета врз угледот“
ТИРАНА (AA) – Албанската актерка Анила Биша, чиј лик и глас се користат од виртуелната министерка во Владата на Албанија, Диела, поднела тужба до судот, барајќи нејзините податоци повеќе да не се користат од владиниот аватар, јавува Анадолу.
Тужбата е поднесена до Управниот суд од прв степен во Тирана, додека се наведува дека актерката бара и отштета од еден милион евра за причинета „штета врз угледот“.
Исто така, се наведува дека Биша тврди оти се согласила со властите нејзиниот глас и лик да се користат исклучиво за моделот на виртуелниот асистент на владиниот портал e-Albania.
Според тужбата, како што е објавено во неколку медиуми, како тужени страни се наведени Советот на министри на Албанија, премиерот на Албанија, Националната агенција за информатичко општество на Албанија (АКШИ) и една компанија.
Актерката бара нејзиниот глас и лик да не се користат за виртуелната министерка Диела сè до завршување на судскиот процес.
Потсетуваме дека првпат дел од владиниот кабинет на Албанија е и виртуелна министерка создадена со вештачка интелигенција која, според албанските власти, ќе се занимава со прашањата за јавните набавки.
Вклучувањето на виртуелната министерка во Владата на Албанија предизвика дебати во земјата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
