свет

Кина повторно ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран

Кинеската Амбасада во Иран соопшти дека и покрај неодамнешниот прекин на огнот помеѓу Израел и Иран, безбедносната состојба во земјата останува сложена

Islam Uddin  | 02.07.2025 - Обновена : 03.07.2025
Кина повторно ги повика своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран

АНКАРА (АА) – Кина денес повторно ги повика своите граѓани да избегнуваат патување во Иран, иако стапи на сила прекинот на огнот меѓу Техеран и Израел, јавуваат државните медиуми, пренесува Анадолу.

Кинеската Амбасада во Иран издаде соопштение во кое ги советува кинеските државјани да се воздржат од патување во земјата, јави државниот весник „Глобал тајмс“.

Во соопштението се наведува дека, и покрај неодамнешниот прекин на огнот помеѓу Израел и Иран, безбедносната состојба во земјата останува сложена.

Кинеското Министерство за надворешни работи веќе им препорача на своите државјани да избегнуваат патувања во Иран.

Амбасадата ги повика кинеските државјани кои веќе се наоѓаат во Иран строго да се придржуваат до безбедносните препораки, да бидат подготвени за итни ситуации и да ги избегнуваат чувствителните области.

Конфликтот меѓу Израел и Иран започна на 13 јуни, кога Израел изврши воздушни напади врз иранските воени и нуклеарни објекти, по што следуваше иранска одмазда.

САД исто така се вклучија во конфликтот и бомбардираа три ирански нуклеарни постројки.

Дванаесетдневниот конфликт беше прекинат со прекин на огнот под покровителство на САД, што стапи на сила на 24 јуни.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın